Прекинат процесот против осумтемина Срби обвинети за воени злосторства во Сребреница

Од:

Процесот против осумтемина Срби обвинети за извршени воени злосторства во селото Кравице крај Сребреница е прекинат денеска, откако Апелацискиот суд во Белград го отфрли обвинителниот акт против нив со образложение дека тој не бил поднесен од овластен обвинител.

Како што јави Танјуг, белградскиот Апелациски суд оцени дека во време на поднесувањето на обвинението тогашниот обвинител за воени злосторства Владимир Вукичевиќ веќе бил во пензија, па затоа и немал овластување за покренување на обвинителниот акт.

Според Судот, процесот против осумтемина осомничени ќе биде во прекин се до поднесување на ново обвинение од страна на актуелниот обвинител за воени злосторства Снежана Станојковиќ.

Обвинетите беа уапсени во 2015 година, но подоцна беа ослободени од притвор и покрај сериозноста на обвинението.

Осумтемина обвинети се товарат дека како членови на специјална единица на Министерството за внатрешни работи на Република Српска учествувале во убиството на 1.313 муслимански цивили на 14 јули 1995 година во селото Кравице близу Сребреница. Според обвинението, убиените цивили биле затворени во еден хангар, по што врз него биле фрлани рачни бомби и било стрелано од автоматско оружје.

Ова е прв предмет во кој еден суд во Србија разгледува случај поврзан со масакрот на околу 8.000 муслимански мажи и момчиња во Сребреница.

Би можело да ве интересира

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Србија снегот направи големи проблеми: „Прст пред око не се гледа“

(ВИДЕО) Опозицијата го блокираше судот во Нови Сад: кошкање и туркање со полицијата

Катерина Ѓуровски