Авионската бомба во Штип ќе се уништи на лице место

Од:

Авионската бомба која пред 14 дена беше пронајдена во Индустриската зона во Штип ќе биде уништена на лице место, соопшти денеска Грозданка Наумовска раководител на Одделението за превенција и планирање при технолошки и комплексни несреќи во Дирекцијата за заштита и спасување. Таа истакна дека оваа одлука е донесена денеска на заедничкиот состанок на надлежните и стручни лица од Дирекцијата за заштита и спасување и Министерството за одбрана.

-Во текот на денешниот и утрешниот ден стручни лица од Министерството за одрбрана ќе направат проценки и план како да се уништи авионската бомба на лице место. Притоа преземајќи ги сите безбедносни мерки за заштита на населението и објектите, вели Наумовска.

Таа додаде дека Министерството за одбрана има краен рок до наредната среда да ја спроведе акцијата. Оваа одлука е донесена бидејќи како што вели таа поризично е бомбата да се крева и тарнспортира до воениот полигон Криволак. Еден ден пред да се уништи авионската бомба ќе бидат информирани сите институции, меѓу кои Општина Штип, Итната медициснка помош, Клиничка болница-Штип и медиумите. Наумовска забележа дека нема опасност од самоактивирање на авионската бомба, бидејќи на неа се уште си стојат запалките, а кога ќе биде уништена ќе се насочи кон теренот каде што нема население и објекти. Авионската бомба е од Втора Светска војна, долга е околу еден метар, а во неа има експлозив од околу 70 килограми. Разурнувачката моќ и е до еден километар, а ударната моќ до три километри.

Би можело да ве интересира

Клековски: Формирана e комисија за надзор над случајот со родилката од Штип, ќе се вклучат двајца странски стручњаци

Горан Наумовски

38-годишен штипјанец почина во својот дом

Горан Наумовски

ВИДЕО: Невремето ја оштети ортопедијата во Штип, пациентите со скршеници ќе се препраќаат во други болници

Гори борова шума над филтер-станицата кај Штип

А1он

Маж од Штип сексуално злоставуваше 16-годишно девојче

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски