Петровден одбележан во велешко Бистрица

Од:

Над велешкото село Бистрица кај манастирот „Св Петар и Павле“ вчера со народен собир, со песна и ора со заеднички ручек, посно гравче, беше одбележана селската слава Петровден.

Жители на сегашното село Бистрица и голем дел на семејства кои порано живееле во селото, вчера со песна и ора, на отворено и со заеднички ручек во манастирската трпезарија, традиционално го славеа Петровден, а во цркавата „Св Петар и Павле“ свештени лица од Епархијата Повардарска одржаа свечена богослужба.

Организаторот на манифестацијата „Бистрички денови“ Гоце Станчев потенцира дека манифестацијата, која тој веќе десетина години ја организира со помош на уште неколкумина поранешни жители членови на организациониот одбор е да се возобнови селската слава Петровден.

– Целта на манифестацијата и преку селската слава Петровден поранешните семејства повторно да се сретнат и дружат и на музика од групата „До ре ми“ која со нас е исто така десет години. Целта ни е сите да заиграат македонски ора и пеат македонски песни. Воедно во изминатите години имавме настап и на фолкорни друштва кои ни беа гости на манифестацијата и селската слава,потенцира Станчев.

Станчев, по потекло од село Бистрица, заедно со неговото семејство во просториите на поранешното училиште во село Бистрица, пред петнаесетина години го отвори и етно музејот кој има над 600 најразновидни етно експонати, како македонски носии, садови за домаќинството и најразновидни орудија, алатки и други интересни стари предмети, а кои може да ги види секој посетител и добронамерник кој ќе го посети селото.

Селото Бистрица се наоѓа на околу 50 километри југозападно од Велес на 850 метри надморска височина на падините од планината Јакупица.

Би можело да ве интересира

Двајца велешани нападнале полицајци, насилниците завршиле во станица

Горан Наумовски

Измамема жена од Велес, останала без 600 евра

Велешанец проголтал дрога за да ја сокрие од полиција, па завршил во болница

Горан Наумовски

Во Велес утре Ден на жалост поради тројцата велешани кои настрадаа во сообраќајка

Маж и жена шверцувале дрога на релација Скопје-Велес

Горан Наумовски

Се загади воздухот во Велес од пожарите на планините Мукос и Бабуна

Предраг Петровиќ