Конфликтот во Јемен од ден во ден се повеќе ескалира, 14 милиони луѓе гладуваат, а во моментот земјата е погодена од најтешката епидемија на колера во светот, изјави специјалниот пратеник на Обединети нации за Јемен, Исмаил Улд Шеик Ахмед.
Тој ги повика сите земји-членки на Советот за безбедност на ОН да „дејствуваат во име на мирот“, додавајќи оти нивните изговори се неприфатливи, неуверливи.
Хуманитарниот директор на ОН, Стивен О’Брајен инсистира СБ посилно да ги притисне меѓународно признаената Влада и Хутите, шиитските бунтовници да стават крај на конфликтот.