Пожарот над Баница се уште не е ставен под контрола

Од:

Пожарот во Баница се уште не е ставен под контрола, а според последните информации зафатил поголема површина.

Сите противпожарни возила во моментов се наоѓаат пред селото за да го спречат ширењето на огнот кон куќите, а на помош на жителите на населеното место Баница се придружија и в.д. градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов и секретарот на општината, кој што воедно е и командант на општинскиот штаб за заштита и спасување, Кирил Парталов.

Парталов информираше дека се во постојана координација со сите надлежни органи и дека се прават сите напори за пожарот да се стави под контрола.

Би можело да ве интересира

Јанков: Масовно излезете на 19 октомври и заокружете го бројот 9 за историска победа во Струмица

Пијанманова: Време е за нови, борбени луѓе во советот

Манасиевски: Паниката на СДС во Струмица расте, тепачи и насилници на нивните листи се последниот обид за спас

Манасиевски: СДС во Струмица губи, силеџии на листи кои тепаат луѓе по улица стана брендингот на СДС за овие избори

Николоски: Огромна победа во Струмица! Енергија за голема промена

Филипче: Имаме одличен кандидат во Струмица, Марјан Даскаловски е со визија