СДСМ Битола: ВМРО-ДПМНЕ го губи тлото под нозете

Од:

„ВМРО ДПМНЕ го губи тлото под нозете и се повеќе наликува на играна серија отколку на владејачка партија. Де се тепаат, де се караат. И кој им е виновен – се разбира опозицијата. Веќе е јасно тие и тоа како се за во опозиција. Ги изгубија сите шанси дадени од битолчани и повеќе немаат кредибилитет да водат општина како што е Битола“, рече Наташа Петровска, член на ИО на СДСМ.

Петровска, рече, и покрај актуелните внатрепартиски превирања во ДПМНЕ, ние нема да запреме со серијалот на прес конференции кои говорат за нивното расипничко работење. Продолжуваме со состојбите во образованието.

„Во својата изборна програма ДПМНЕ ни вети осовременување на образованието, но нивното осовременување доби карактер несвојствен за 21-виот век. Денес нашите деца седат со јакни на часовите, кои се почесто се временски скратени. Замислете во општина со годишен буџет од над 20 милиони евра, децата се смрзнуваат во училишните клупи“, додаде Петровска.

„Популарниот е-дневник кој гордо го најавуваа во својата програма, оваа учебна година во многу училишта профункционира дури во месец декември, а и тогаш кога профункционира интернет врските беа тие кои недостигаа. Сигурно ќе да беше од нивното „совесно работење и навремено платените сметки““, заврши таа.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ