Вилата „Пејгер“ се карактеризира со силен геометриски профил со истакнати агли и рабови и цилиндрична централна кула.
Белите ѕидови на куќата се акцентирани со бакарни облоги и големи стаклени врати и прозорци, создавајќи модерен и елегантно дотеран стил.
Градината, која исто така е дел од проектот, претставува совршена спротивност на оваа структура, обидувајќи се да најде убавина во силните контрасти. Нејзините линии се нежни и природни, што може да се забележи во скиците на патеките кои се пружаат покрај куќата.
Колекцијата на разновидни билки и тревата создава спонтан природен изглед, но всушност е резултат на внимателен избор и повеќегодишно искуство. Во секое време од годината, во оваа градина можете да уживате во нови бои, мириси и нови емоции.
Границите на самиот имот се скриени со декоративни растенија, бамбус и билки со високи стебла, како даб и бреза. Со криењето на границите овој имот делува поголем, по простран и во исто време многу по удобен.
Всушност, овие природни гранични ѕидови создаваат изобилие на приватност, бидејќи благодарение на нив оневозможени се секакви љубопитни погледи во просторот на вилата.