Иако сега зимата ни делува како да е многу многу далеку, таа ќе стигне за час и ќе не потсети на моќта која ја има. Со самото тоа, летото е идеално време за размислување за опции за греење.
Една од нив е иновативниит камин од новата генерација Пласма со минималистички дизајн, едноставната употреба, одличната технологија и високите перформанси.
Пласма камините можат да се користат во пасивни, како и во домови кои штедат енергија, благодарение на непропустливите комори за согорување и всисувачи за воздух.
Изгледот на каминот може да се прилагодува со избор на дршката која најдобро се вклопува во декорацијата на просторијата, во зависност од тоа дали приоритет ни е ергономијата или убавиот изглед.
Во сите камини може да се вгради патентиран Comfort Air систем за вентилација, благодарение на кој истовремено може да се загреат неколку поврзани простории, со максимална оддалеченост од 8 метри.