Средба Заев – Брнабиќ во Трст

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев денеска во Трст каде што се одржува самитот Западен Балкан, се сретна со премиерката на Србија Ана Брнабиќ.

На состанокот, на кој се разговарало за билатералната и регионалната соработка присуствувале и министрите за надворешни работи на двете земји, Никола Димитров и Ивица Дачиќ, пренесува Танјуг.

Ова е прва средба на новите премиери на Македонија и на Србија.

Предвидено е премиерот Заев денеска во Трст да има средби и со премиерите на Албанија, Еди Рама и на Словенија, Миро Церар, како и со европски државници и претставници на ЕУ. Претседателот на Владата на Република Македонија ќе се сретне и со Борис Џонсон, министер за надворешни работи на Обединетото Кралство.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски

Левица: Ако економијата расте, зошто Владата постојано зема нови кредити?

ДУИ: Три странски инвеститори си заминаа за две години, Владата да каже колку работници останаа без работа

Владата ја продолжи кризна состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври

ВМРО-ДПМНЕ: Владата инвестира 5,4 милиони евра во нови работни места