Нова атмосферска канализација во Македонска Каменица

Од:

Заврши изградбата на атмосферската канализација во градското подрачје во Македонска Каменица, која е со должина од 1.200 метри.

Градоначалникот Дарко Митевски истакна дека изградбата на атмосферската канализација во централното градско подрачје е целосно завршена и додаде оти привршува и изградбата на фекалната канализација во населбата Стара Каменица.

– Вкупната вредност на овој инфарструктурен проект е 16 милиони денари, а средствата се обезбедени од буџетот на општината. Целосно е завршена изградбата на атмсоферската канализација во централното градско подрачје, поставени се одводни цевки во должина од 1.200 метри, додека фекалната канализација во Стара Каменица во должина од 1.300 метри е во завршна фаза. Останува уште асфалтрање на улиците кои беа уништени со изградбата на канализацијата, истакна Митевски.

Тој додаде дека по одвојувањето на атмосферските од фекалните води, Македонска Каменица создава услови за изградба на прочистителна станица.

– Со ова создадовме предуслови за подготовка на документација и изградба на прочистителна станица за отпадни води бидејќи еден од предусловите беше да има сепарирање на фекалните од атмосферските води. Овој предуслов ние го исполнивме, атмосфесрката каналзиација успешно функционира, остануваат уште неколку кракови од населбата Стара Каменица по што ќе следува изградба на мала прочистителна станица, потенцираше Митевски.

Со овој инфраструктурен проект, како што рече, Македонска Каменица ќе даде придонес во заштитата на животната средина, но и ќе го превенира ризикот од поплавите кои беа чести во градското подрачје на оваа општина по секој обилен дожд.

Би можело да ве интересира

Атанасовски: Пожарот во селата Цера и Пресека повторно надвор од целосна контрола

Лукаревска од Македонска Каменица: На 8 мај гласајте за силен СДСМ, сега е најважно да не се враќаме назад

А1он

Од понеделник во училиштата во Македонска Каменица ќе се интонира државната химна

Загина моторциклист во близина на Македонска Каменица

Пријава за поткуп за глас во Македонска Каменица

А1он

Сообраќајот кон Делчево и Каменица се пренасочува поради одрони

Жарко Настоски