Заменик министерот за правда, Оливер Ристовски, истакна дека владата доставила предлог за разрешување на Марко Зврлевски, бидејќи тие, особено премиерот Зоран Заев, пред себеси поставиле задача за враќање на правната држава.
– За жал во Основното јавно обвинителство во периодот од јануари 2013-та година до денес го претставуваше личност која не ја почитуваше својата задача и не ја извршуваше доследно, рече заменик министерот.
Според него Зврлевски го претставувал Обвинителството со молчење и не преземал никакви активности за криминалот на ВМРО-ДПМНЕ, нешто што е нотирано во извештаите на ЕК.
– Барањето е донесено според Законот за Јавно обвинителство. Кога се работи за Зврлевски, Владата смета дека се исполнети сите услови за разрешување. Тоа се јави како одговор на несовесното вршење на обвинителската дејност. Ако Зврлевски си ја вршеше совесно работата немаше да дојде до ова, рече Ристовски.
По неговиот говор, координаторот на една од 10-те пратенички групи на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев, побара да им биде доставен говорот и еден час пауза.
Со ова продолжува опструкцијата што опозицијата ја почта откако ги формираше 10-те пратенички групи.
Александар Тодески