Нов смарт уред-прстен што ги помни Вашите лозинки

Од:

Во еден „паметен” прстен може да зачувате информации за вашите кредитни картички, кориснички имиња, лозинки за интернет страници, но и биометриските податоци.

Идејата за биометриски прстен не е нова. Сепак, досега не се омасови, бидејќи компаниите што претходно претставија таков уред, не најдоа заеднички јазик со големите компании како што се „Мастеркард“, „Виса“ или „Мајкрософт“.

Најновата иновација е на компанијата ХИД, што може да се користии за разни функции – побрзо вклучување компјутер, отворање врати, стратување на мотори на автомобили, па дури и плаќање без кредитна картичка. ХИД е компанија одговорна за 80 отсто од т.н. сигурносни системи „без клуч“.

Прстенот може да го потврдува идентитетот на корисникот со помош на скенер за отпечатоци, што се наоѓа на внатрешната страна. Водоотпорен е и работи на безжично полнење, а батеријата трае до три седмици.

По договорот со „Мастеркард“, прстенот веќе може да се користи при плаќање во американските продавници.

Цената на еден обичен ваков прстен е 249 долари, а на оние полуксузните, позлатени и украсени – 299 долари.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска