Охрид ќе добие двокатен туристички автобус

Од:

Владата донесе одлука со која на општина Охрид и се доделува нов двокатен туристички автобус, наменет за турситичко разгледување на знаменитостите низ градот.

Во соопштението на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општина Охрид, по повод таквата одлука се оценува дека подарокот ќе биде од голема корист за Охрид како туристички град затоа што евидентен е недостаток, но и потреба од таков панорамски автобус со кој би се превезувале туристите низ Охрид. Автобусот што има и отворен дел и кој брои 60 седишта, ќе овозможи и организација на т.н. „сајт-сиинг“ тури низ градот и околината, истиот ќе се брендира во контекст на Охрид и ќе ја збогати туристичката понуда, а со тоа и приходот од туристичките движења низ градот.

Советникот Дејан Пановски појасни дека на следната седница на Советот ќе побараат да се постави точка на дневен ред за донесување одлука за прием во сопственост на двокатниот автобус после која ќе биде склучен договор меѓу Министерството за транспорт и врски и општината за превземање на возилото, а истото да се користи во туристички цели и за туристичка промоција.

Би можело да ве интересира

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала

Земјотрес во Охрид

Нормализиран е сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум