Венус Вилијамс и Габрине Мугуруза обезбедија пласман во полуфиналето на неофицијалното Светско тениско првенство Вимблдон.
Во дуелот од двата досега завршени меча од чевртфиналето, Американката, Венус Вилијамс (10-носителка) беше подобра во два сета од Летонката, Јелена Остапенко (13) по сетови 6-3 и 7-5. Венус во полуфиналето за противничка ќе ја има подобрата од мечот кој е во тек на централниот терн, а во кој играат домашната тенисерка Јохана Конта (6) и Романката, Симона Халеп (Романија, 2). Моменталниот резултат е 1:1 во сетови (6-7, 7-6).
Успешните настапи на Вимблдон ги продолжува и Гарбине Мугуруза (Шпанија, 14-носителка) која беше убедлива во двата сета против Светлана Кузњецова (Русија, 7) препуштајќи и на противничката три односно четири гема во првиотѕ о вториот сет.
Мугуруза ќе го очекува исходот од мечот меѓу Магдалена Рибарикова (Словачка) – Коко Вандевеј (САД, 24) кој е прекинат поради дожд во вториот сет при резултат 2-2 во гемови, но и водство на Рибакова од 1:0 која го доби првиот сет со 6-3.