Министерот за надворешни работи Никола Димитров во писмена реакција изрази жалење за изјавата на српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ во Атина во која вели: „Србија направи грешка пред 20 години кога го призна Скопје под името Република Македонија“.
– Жалам за изјавата на Дачиќ. Со Србија заедно бевме во една федерална држава, како Република Македонија и Република Србија и споделуваме толку многу нешта. Убеден сум дека двата пријателски народа преферираат да имаме односи базирани на заемна почит, разбирање и европски дух, стои во реакцијата на Димитров.
Според Димитров, тоа е добро не само за Македонија и за Србија, туку и за целиот регион.
– Да не заборавиме, во регионот растеме и паѓаме заедно, се наведува во реакцијата на министерот Димитров.