ФОТО: Година на технолошки достигнувања

Од:

Штотуку ја минавме средината на 2017 година, а таа веќе ги има збогатено нашите животи со бројни иновации и достигнувања. Да се потсетиме на некои од нив.

Кинеските пловечки соларни панели

„Сангроу” проектот веќе обезбедува енергија во 6.500 домови. Панелите се „монтирани“ на место каде што порано имало рудник кој се поплавил, и сега панелите пловат по новонастаното езеро.

Натпревар помеѓу два квантни компјутери

Истражувачи од универзитетот „Корнел” си поставија предизвик – пуштија во погон два квантни компјутера, кои работат на различни платформи, и им зададоа задача со еден алгоритам, па така да се види која од машините е поефективна. Едниот компјутер е создаден од експертите од Мериленд универзитетот, а другиот во фирмата Ај-Би-Ем.

Ракета за повеќекратна употреба

Дело на Спејс-Икс, на иноваторот Илон Маск.

„Тесла” го урна рекордот за забрзување на автомобил

Возилото на „Тесла”, моделот С-П100Д разви брзина до 97 киломтри на час за само 2,28 секунди.

Индија испрати во вселената тим од 104 луѓе на една ракета

Претходниот рекорд и припаѓаше на Русија, која пушти одеднаш 37 луѓе во 2014 година.

Турбини со 35 отсто поголема ефективност

Научниците создадоа турбина со принцип на работа инспириран од инсектите. Гумената лопатка овозможува поголема ефективност, којато секогаш е насочена во конкретен правец. Така работата на турбината не зависи од брзината на ветрот.

Мини-дронови за опрашување на растенијата

Мини-дроновите не можат целосно да ги заменат пчелите, но сепак претставуваат огромна помош за одгледувачите на градинарски култури.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска