Полицијата го расветлува случајот со уништени спомен плочи на гробиштата во Љуботен

Од:

Полицијата работи на расветлување на вчера пријавениот случај за осквернавени гробови во село Љуботен, информира денеска директорот на Бирото за јавна безбедност Лазо Велковски, одговарајќи на новинарски прашања.

Осудувајќи го настанот, потенцираше дека најблаго кажано станува збор за кукавички чин и најави дека полицијата ќе се заложи да ги открие сторителите на ова кривично дело.

Како што појасни директорот на БЈБ, вчеравечер околу 19 часот и 30 минути жител од село Љуботен пријавил дека одејќи на гробиштата кај починатата сопруга забележал оти голем број од спомен-плочите се оштетени.

Увидот е завршен, се прибираат сите сознанија и се обработуваат сите докази за истрагата.

– Од страна на СВР Скопје веднаш се преземени дополнителни мерки и активности со цел обезбедување на местото, разговор со евентуални очевидци, ставени се на располагање целокупните капацитети на МВР, работиме во консултација и во договор со ОЈО. Во текот на утринските часови е почнат увид кој е завршен. Ги прибираме сите сознанија и ги обработуваме сите докази кои може да се поврзат и да ни послужат околу евентуално насочување на истрагата, рече Велковски.

Во однос на тврдењата на жителите на Љуботен дека вчера се слушале и рафали додека таму била увидната екипа, Велковски рече дека информациите се проверуваат.

– Вчера полициските службеници и раководството на СВР Скопје беа на местото каде се извршени повеќе разговори со жителите. Проструи таква информација дека некој од жителите на Љуботен слушнал истрели, информациите се во фаза на проверка и не можеме со сигурност да кажеме дали е вистина или е непотврдена информацијата, додаде Велковски.

Би можело да ве интересира

Финансиската полиција заплени тутун во Љуботен, градоначалникот ги брани жителите

Кристијан Ландов

На 19 декември пресуда за отштета на семејството на еден од убиените во 2001

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Заев од Љуботен: Само заедно можеме напред и само сплотени ќе ги решаваме проблемите

Наум Локоски

Притвор за осомничениот за убиство на жената пронајдена по пожарот во село Љуботен

Наум Локоски

МВР ги презема сите мерки за пронаоѓање на сторителите кои ги оштетија гробишатата во Љуботен

Наум Локоски

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните очекуваат одговор на кого му пречат православните гробишта во Љуботен

Наум Локоски