Доизградба на канализациона мрежа во штипската населба „Стар Караорман“

Од:

Штипското комунално претпријатие „Исар“ од денеска почна со доизградбата на канализационата мрежа во населбата „Стар Караорман“. Директорот на ЈП „Исар“, Ангел Бојаџиев рече дека досега се изградени околу четири километри канализациона мрежа, а со новите градежни активности 53 домаќинства во населбата ќе бидат поврзани во мрежата.

-Со овој проект ќе останат мал број на куќи, кои нема да се поврзат со канализационата мрежа. Тоа се околу 10 куќи во целата населба. Меѓутоа ќе направиме максимални напори, за да можат и овие куќи да се вклучат, бидејќи теренот е многу лош кај овие куќи. Така да со ова ќе се заврши проект со изградба на канализационата мрежа во населбата Карорман, вели Бојаџиев.

Тој забележа дека изградбата на канализационата мрежа во населбата Стар Карорман ќе биде комплетно завршен до септември, а Општина Штип ќе ги асфалтира и улиците во горниот дел од населбата, каде што во моментов се гради канализационата мрежа. Смета дека со реализирањето на овој проект, жителите на оваа приградска населба која се наоѓа на неколку километри од градот Штип ќе имаат современи и урбани услови за живот.

Би можело да ве интересира

Маж од Штип сексуално злоставуваше 16-годишно девојче

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски

Се опоравува штипјанецот кој се здоби со изгореници гаснејќи пожар

Горан Наумовски

Изгаснат е големиот пожар во Штип

Горан Наумовски

Пожарот над Штип е под контрола

Горан Наумовски

Автомобил се преврте на улица во Штип – заврши во двор на куќа

А1он