СДСМ: Груевски со еден потпис затвори 37 фирми

Од:

„ВМРО–ДПМНЕ и понатаму безуспешно и конфузно се обидува да го брани својот шеф Груевски од неговиот огромен влог во приватизацијата.Ја разбираме обврската на портпаролот на ВМРО – ДПМНЕ да излегува во јавност со вакви небулозни изјави. Тој е „жртва“ на приватизациите кои ги аминуваше Никола Груевски.

Портпаролот на ВМРО – ДПМНЕ беше вработен во партиската фирма „Аналитико“ која склучувала договори со Телекомот кој го приватизираше неговиот шеф“, стои во реакцијата на СДСМ на прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

После затворањето на националната платежна картичка Груевски со неговите тогашни и денешни соработници раскрчми државен имот и овозможи милиони евра да завршат во приватни џебови. После приватизацијата на ОКТА, после приватизацијата на Телекомот и извлекувањето на државни пари во партиски фондови, Груевски го потпиша и ФЕСАЛ 2 аранжманот и го заврши приватизирањето на она што остана од општествениот капитал. Никола Груевски ги продаде златните кокошки на македонската економија, од тој факт нема бегање, реагираат од СДСМ на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ.

„На кој друг премиер му успеало во 1 ден, со 1 потпис да затвори 37 големи компании од црната и од обоената металургија, од текстилната индустрија, рудниците и да остави на улица 34.450 работници? Тоа му успеало само на шампионот – господинот Никола Груевски“, велат од СДСМ.

 

Би можело да ве интересира

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски