Општина Штип ќе инвестира 40.000 евра во основните училишта

Од:

Во текот на летниот распуст општина Штип ќе инвестира 40.000 евра во реконструкција на три основни училишта.

Соња Николова од Одделението за образование во општина Штип на денешната прес-конференција информира дека по изградбата на спортската училишна сала за ООУ „Славејко „Арсов“ во населбата Баби од страна на Владата и на Агенцијата за млади и спорт следен чекор е на општината да инвестира во греењето на салата.

– За таа намена општина Штип ќе инвестира во купување на парен котел, кој што е неопходен, а исто така ќе се поврзе и со парната инсталација, која е во спортската сала. Притоа ќе биде изграден и заштитен објект, каде што ќе биде чуван овој парен котел, рече Николова.

Таа истакна дека во текот на овие два месеца во најголемото Општинско Основно училиште „Димитар Влахов“ ќе се реконструира и електричната инсталација, која се наметнала како една приритетна инвестиција. Што се однесува за ООУ „Тошо Арсов“ со средства од општинскиот буџет ќе се изврши и промена на столаријата. Додаде дека таму потребно е да се изврши замена на прозорците.

Николова нагласи дека во остантите основни и средни училишта во тек се редовните активности за нивна санација пред стартот на новата учебна 2017-2018 година.

Би можело да ве интересира

Штипско културно лето започнува на 24 јуни

А1он

Утре ќе биде изменет сообраќајниот режим на експресниот пат Штип – Кочани

(ВИДЕО) Детали за убиството во Штип: Убиецот ја викнал жртвата за да се смират, пиштолот го купил во Скопје

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Уапсен е убиецот кој вчера пукаше во кафуле во Штип

Катерина Ѓуровски

Почина студентот од Турција кој беше застрелан синоќа во кафуле во Штип

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се трага по напаѓачот од штипското кафуле кој и побегна на полицијата кај Миладиновци

Катерина Ѓуровски