Силувана жена во Тетово

Од:

Триесетидвегодишна тетовка вчера пријавила дека на 9 јули околу 22:30 часот во Тетово била нападната и силувана.

Полицијата соопшти дека вчера во 6:00 часот, во Полициска станица Тетово, 32 годишна жителка на градот, пријавила дека на 9 јули околу 22:30 часот, на ул. „Илинденска” во Тетово, пред продавницата за овошје, побарала запалка од вработениот Б.Ф.(31) од с.Мала Речица за да запали цигара. Тој ја повикал да влезе внатре за да ја земе запалката по што ја заклучил влезната врата и со закана со скалпер и нож се упатил кон неа и ја удрил во пределот на главата. Таа паднала на подот и почнала да вика за помош. Потоа сторителот ја фатил за коса и почнал да ја влече по подот, нанесувајќи и повреди со ножот и скалперот по телото, а потоа извршил обљуба врз неа.

На оштетената, како што соопшти полицијата, и е укажана лекарска помош во Клиничка Болница-Тетово, каде се констатирани телесни повреди по телото. Извршен е увид на местото на настанот, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он