Атанасов: Неопходна е размена на информации за заштита на здравјето на потрошувачите

Од:

Надградување на постоечките искуства и подобрување на знаењето за комуникацијата со ризик, во услови кога од ден на ден во европски и во светски рамки се заоструваат критериумите за безбеноста на храната се предизвиците со кои се соочува Агенцијата за храна и ветеринарство како институција одговорна за безбедноста на храната и здравствената заштита и благосостојбата на животните. Ова го истакна директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов, во обраќањето на првиот ден од дводневната Работилница за комуникација со ризик, која се одржува во Скопје со поддршка на Европската унија и Европската агенција за безбедност на храната – ЕФСА.

– Во насока на силна поддршка на заштитата на здравјето на граѓаните и интересите на компаниите вклучени во прехранбениот сектор, новите безбедносни критериуми за храната налагаат не само слепо преземање и примена на процедури за комуникација, туку неминовно нивно прилагодување на потребите на потрошувачите и бизнис заедницата, секогаш базирано на следење на современите трендови на науката. Постоечките платформи на Европската агенција за безбедност на храната успешно ги интегрира потрошувачите, науката и информирањето и затоа очекувам дека преку европските и искуствата од соседните земји кои ќе бидат презентирани ќе го продлабочиме и нашето знаење и искуство за комуникација со ризикот, рече Атанасов.

Ова, како што посочи, ќе креира поуспешна соработка за размена на информации меѓу соседните земји и европските институции со единствена цел – заштита на здравјето на потрошувачите.

– Искуствата кои ќе бидат презентирани за нас како институција ќе биде уште една иницијатива и за унапредување на постоечката меѓуинституционална соработка на полето на комуникацијата со ризикот, безбедноста на храната и соработката со медиумите, рече Атанасов.

Претставникот од Одделот за комуникации од Европската агеција за безбеност на храна, Шира Табачников изрази уверување дека искуствата кои ќе бидат презентирани ќе го подобрат и унапредат знаењето за комуникацијата со ризикот и ќе придонесат за олеснување на комуникацијата на институциите со медиумите и граѓаните.

Во рамки на Работилницата за комуникација со ризик која се реализира со поддршка на Европската комисија во рамки на Предпристапната програма на ЕФСА за 2015-2017 година, ќе бидат презентирани најдобрите практики за комуникација со ризик, улогата на социјалните медиуми, а презентирани ќе бидат и европски и искуства од соседните земји од областа на комуникација со ризикот.

На дводневната работилница учествуваат претставници од институции, министерства, агенции за храна и институти за јавно здравје од Македонија, Хрватска, Црна Гора, Косово, Албанија, БиХ и Србија.

Би можело да ве интересира

Уништени 50 килограми небезбедна храна во Крива Паланка

Регистриран нов случај на птичји грип кај угината гуска во скопско Злокуќани

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

Во бомбици послужени во „Ѓорѓија Пулевски“ пронајдени бактерии

АХВ: Водата во Струмица не е за пиење, има манган и колиформни бактерии

Горан Наумовски

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски