Телефонски разговор Заев – Пенс: Поддршка од САД за реформите и евро-атлантските аспирации

Од:

Македонскиот премиер Зоран Заев денеска телефонски разговарал со потпретседателот на САД Мајк Пенс. Во соопштението на Белата куќа што го објави и Пенс на својот Твитер профил, се вели дека американскиот потпретседател му го честитал на Заев изборот за премиер и ја повторил поддршката на САД за реформите и евро-атлантските аспирации на Македонија.

– Во името на претседателот Доналд Трамп, потпретседателот Пенс му честита на Заев за преземањето на премиерската должност на 31 мај. Потпретседателот ја подвлече континуираната поддршка на САД на евро-атлантските аспирации на Македонија и го охрабри Заев да даде приоритет на реформите кои ќе овозможат напредок на Македонија на тој пат. Потпретседателот Пенс нагласи и дека со нетрпение ја очекува средбата со Заев и лидерите од регионот на Западен Балкан на Самитот на Јадранската повелба што ќе се одржи на 2 август во Подгорица, Црна Гора, се наведува во соопштението од Белата куќа.

Македонија како актуелен претседавач со Јадранската повелба, заедно со Црна Гора, ќе биде кодомаќин на претстојната средба на лидерите на земјите членки со американскиот потпретседател Мајк Пенс во Подгорица.

Би можело да ве интересира

Багеи: Планот на Иран за ставање крај на војната е најлогичната патоказ

Ирак постигна договор со САД: Нафтата повторно ќе минува низ Ормутскиот теснец

Горан Наумовски

Џефрис: Хегсет мора да си оди, ја загрози националната безбедност на САД

Техеран ѝ се закани на Америка со разорен одговор, Аракчи порача: „Ќе ги видите резултатите“

(ВИДЕО) САД изведоа нови напади врз Иран. Трамп: Поставија некаков противвоздушен систем

Израел e затекнат од одлуката на Трамп: Вашингтон најавува прекин на воената помош