Минималистичка куќа од отворен тип

Од:

Јапонските архитект Хирото Кавагуши и Коија Јукава проектираа семејна куќа сместена над прекрасни јапонски пејзажи.

При проектирањето на куќата архитектите морале да создадат три различни амбиенти – куќа за родителите, децата и заеднички простории. Оставајќи го централниот дел на градбата отворен за дневни активности, двата дела на куќата, детскиот и родителскиот, доаѓаат со отворен дизајн, што ги чини широки и споени.

Од друга страна, куќата обезбедува поглед кон ведрото сино небо, но и кон расцветани крошни со цреши околу градбата.

Резултатот на овие напори е семејната куќа „Њутаун“, која емитува чувство на соживот во својата околина, со помош на волуменот налик на куќичките кои ја опколуваат.

Заедничкиот дел на куќата се состои од простор кој од внатре и од надвор поседува различни нивоа на подови, кои имаат единствени функции. Ходникот доаѓа како продолжен простор кој се однесува или како полигон за детска игра, работна соба за родителите и семејството, или може да се трансформира во дневен престој.

Комплетно дрвените плафони можат да бидат забележани во секоја просторија и создаваат континуитет меѓу животните површини и подот на различни нивелации.

Од оваа коегзистенција доаѓа косиот кров продолжен во балкон во екстериерот од кој се пружаат панорамски погледи на планинарски венец на исток и на прекрасен град на западната страна.

Би можело да ве интересира

Мет Дејмон продаде имот во Лос Анџелес за 18 милиони долари

Ана Ололовска

Се изнајмува стан уреден во стилот на „Кери Бредшо“

Ана Ололовска

Алиша Кис го покажа својот нов луксузен дом

Ана Ололовска

Стан-гаража во Загреб го привлече вниманието на многумина

Ана Ололовска

Мерилин Менсон ја продава вилата во Лос Анџелес за 1,75 милиона долари

Ана Ололовска

Нина Добрев го покажа својот реновиран дом во САД

Ана Ололовска