Во Велес годишниот план за крводарување уште во јули реализиран со околу 80 проценти

Од:

Во станицата за трансфузија во Велес, која е во состав на Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, од почетокот на годинава до денеска се собрани 1.619 крвни единици, со што зацртаниот годишен план уште во јули е реализиран со околу 80 проценти.

Со Годинашниот план за крводарување за оваа станица беа предвидени да се соберат 1.973 крвни единици.

Како што информира за МИА, дежурната сестра Милка Илиева вака поволниот биланс за крводарување е резултат на хуманоста на велешките крводарители кон чие друштво на хуманите секоја година се приклучуваат и нови млади крводарители.

– Секој работен ден во станицата за трансфузиологија доброволно се јавуваат по десетина, па и повеќе крводарители. Иако е лето имаме доволно крв од сите крвни групи со што ги подмируваме сите потреби на ЈЗУ Општа болница во Велес и редовно континуирано дел од крвните единици се испраќаат во Институтот во Скопје, со што се помага и за подмирување на потребите со крв за скопските клиники, појаснува Илиева.

Освен во станицата, дел од крвните единици се собираат во големиот број акции за доброволно дарување на крв кој по фирмите, јавните инстуитуции и средни училишта во Велес и поширокиот велешки регион успешно и оваа година преку свои медицински екипи ги организира и реализира Институтот за трансфузиона медицина од Скопје.

Би можело да ве интересира

Филипче од Велес: СДСМ имаше пет иницијативи за раст на платите, ВМРО-ДПМНЕ ги одби сите

Велешанец ја следел девојката, ја навредувал и ја малтретирал, но и нанел и повреди

Горан Наумовски

ДОМ: Фемицидот во Велес е резултат на институционален колапс – бараме одговорност и системски промени

Петровска: Секое непостапување во случајот Росица мора да биде казнето!

СДСМ: Убиство во Велес поради негрижа на полицијата на Тошковски и институциите на ДПМНЕ, бараме одговорност

Изгоре автомобил на паркинг во Велес