Кинеската компанија „Панда Грин Груп“ пушти во употреба електрана во форма на панда за што медиумите во светот со право тврдат дека е најубавата електрана во светот.
Соларната електрана се наоѓа во градот Датунг, во провинцијата Шанси, во северниот дел на Кина.
Електраната е именувана „Панда Грин Енерџи“.
Електраната има површина од околу милион квадратни метри.
Дизајнот го постигнале со користење на црни соларни плочи, додека белите панели се обоени со тенки бели линии што ги пропуштаат сончевите зраци.
Оваа електрана може да обезбеди електрична енергија за 8.000 домакинства.