Долго се сметаше дека менструалниот циклус влијае на работата на мозокот кај жените, но едно ново истражување покажа дека хормоните во текот на менструацијата всушност немаат никакво влијание врз менталната работа.
Истражувањето покажа дека нивото на естрогените, прогестероните и тестостероните нема влијание на работната меморија, конгитивните врски или способноста истовремено да се следат или вршат две или повеќе работи.
– Како специјалист на репродуктивна медицина и психотерапевт, работев со многу жени кои веруваат дека менструалниот циклус влијае на нивното здравје и на когнитивната работа, така заедно со мојот тим се одлучивме да провериме дали во ова верување има вистина, изјави професор Бриџит Линерс, директор на истражувачкиот тим.
Откако истражувањето било спроведено на 68 жени во тек на два циклуса, заклучено е дека хормоналните промени предизвикани од менструалниот циклус не предизвикуваат никакви промени во конгитивните способности.
– Иако може да има некои исклучоци, генерално не постои врска меѓу намалување на когнитивните способности и хормоналните промени во текот на менструалниот циклус, рече Линерс.