Штипски „Исар“ инвестира во комуналната хигиена во населбата „Три чешми“

Од:

Штипското јавно претпријатие „Исар“ ги расчисти сите диви депонии во проградската населба „Три чешми“. Директорот на ЈП „Исар“, Ангел Бојаџиев вели дека ќе обезбедат нови контејнери за несовесните граѓани да не создаваат повторно диви депонии.

– Деновиве планираме во населбата да поставиме нови најмалку пет метални контејнери за ѓубре. Тие ќе бидат поставени во самата населба, се со цел исфрлањето на смет на граѓаните да им биде олеснето, вели Бојаџиев.

Истакна дека во изминатиот период општина Штип и ЈП „Исар“ инвестирале во неколку инфраструктурни проекти во приградската населба „Три чешми“.

– Овде во населбата се асфалтираа шест улици, потоа се обнови патот до Сушево, каде ЈП „Исар“ долж него постави клупи и засади дрвца кои редовно ги одржува, рече Бојаџиев.

Апелира граѓаните да внимаваат и да го заштитат она што општината го има изградено со парите од буџетот на општината.

Би можело да ве интересира

Маж од Штип сексуално злоставуваше 16-годишно девојче

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски

Се опоравува штипјанецот кој се здоби со изгореници гаснејќи пожар

Горан Наумовски

Изгаснат е големиот пожар во Штип

Горан Наумовски

Пожарот над Штип е под контрола

Горан Наумовски

Автомобил се преврте на улица во Штип – заврши во двор на куќа

А1он