А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

„Бесплатна летна школа“ вторпат во универзитетската библиотека во Штип

by А1он10/07/2017 - 12:51149
Share0

Универзитетската библиотека „Гоце Делчев“ во Штип вторпат го организира проектот „Бесплатна летна школа“. Од денеска посетителите, од кои најголем дел се ученици, ќе имаат можност во текот на летото да добијат знаења од неколку области.

Добивај вести на вибер

– Ќе имаме часови по пијано, предавања за правата на децата, потоа за уметност, театар, музика, инстурменти, како и настава за односи со јавност и новинарство. Годинава имаме поддршка од Министерството за култура, откако лани имавме околу 40 учесници кои ја посетија школата со што проектот се покажа успешен. Оваа година имаме нови деца, нови ученици кои ќе добијат предзнаења од неколку области. Притоа, освен едукацијата, децата се дружат, развиваат пријателства и најважно од се – ја поттикнуваат својата креативност, рече Милена Ристова-Михајловска, директор на НУУБ „Гоце Делчев“-Штип.

Градоначалникот на Штип Илчо Захариев, кој присуствуваше на почетокот на проектот, истакна дека ова е позитивен пристап кон учениците.

– Овие деца ќе имаат можност да научат нешто во текот на летото, да се дружат и самиот факт што зад проектот застана и ресорното Министерство, доволно зборува за неговата вредност. Ваков вид на настава е позитивен за децата, со оглед на влијанието кое го имаат мобилните и компјутерите. Ова е интерсен начин како да се помине летниот распуст, да се стекнат знаења, а сепак да биде релаксирано и убаво, рече Захариев.

Штипската библиотека лани самостојно ја почна „Бесплатната летна школа“, а годинава издаде и публикација со содржините од наставата. Оваа година наставата ја посетуваат над 50 деца.

stip

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

Горан Наумовски04/03/2026 - 14:17

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Горан Наумовски04/03/2026 - 11:18

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

Горан Наумовски04/03/2026 - 10:38

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он26/02/2026 - 16:2226/02/2026 - 16:15

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Катерина Ѓуровски09/02/2026 - 14:23

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена

Горан Наумовски05/02/2026 - 13:33
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен