СДСМ: Груевски e неуспешна македонска приказна, не може веќе да ги манипулира младите

Од:

СДСМ денеска преку писмено соопштение реагираше на синоќешниот говор на Никола Груевски на годишната конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

„Никола Груевски е неуспешната приказна на Македонија. Затоа граѓаните не му дозволија да ја води државата во пропаст и затоа нема да му дозволат да продолжи да ги уназадува и уништува општините.

Во неможност да се помири со тој факт и соочен со одговорноста што му следува за сите злодела што им ги стори на граѓаните на Република Македонија изминатите 11 години, заробен во својот имагинарен свет, Груевски продолжува да ги лаже и манипулира своите членови, а посебно младите луѓе.

Промашените економски политики на Груевски ја предизвикаа најголемата младинска невработеност во Македонија, која според Светска банка изнесува околу од 53%, оставија 500.000 граѓани да живеат под прагот на сиромаштија, и иселија 626.312 граѓани надвор од државата од кои претежно млади образовани луѓе.

Новата влада предводена од СДСМ активно работи на поправање на штетите што Никола Груевски и ги направи на Македонија. Преку Младинската гаранција, предвидена за реализација со новиот ребаланс на буџетот, новата влада со буџетски пари ќе интервенира кај фирмите, со што ќе ги отвори перспективите за достоинствен живот на младите луѓе во Македонија, преку вистински шанси за доедукација, вработување, пракса или тренинг по завршувањето на образованието.

За разлика од Груевски и ВМРО-ДПМНЕ кои ги изневерија младите, СДСМ и новата влада ги отвораат перспективите за достоинствен живот на младите и на сите граѓани во сопствената татковина“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Милионските криминали во Државна лотарија се случувале под покровителство на СДС и ДУИ

Предраг Петровиќ

Стојаноски: Лицемерието на СДС излезе на виделина, ја напуштија собраниската седница кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти

Предраг Петровиќ

Владата на Мицкоски го враќа паралелниот увоз на лекови како во времето на Груевски, тврди СДСМ

ВИДЕО: Антикорупциската платформа на СДСМ се вика М.И.Ц.К.О

Катерина Ѓуровски

СДСМ денеска го бира новото раководство

ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ поднесоа „Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата“ за мигрантите