СДСМ: Жалиме што дел од уметниците прифатија да се инструмент на власта за пресметка со опозицијата

Од:

Советот за култура при СДСМ изразува најгорко жалење од прифаќањето на дел од уметничката и културната фела да биде инструмент во пресметката на власта со опозицијата.

„Не сакаме да помислиме дека власта најбезобѕирно ги уценува уметниците и културните работници од националните и другите буџетски установи терајќи ги да излезат на овој апсурден протест. Ние сметаме дека индивидуално естетско и интелектуално кредо на секој уметник треба да биде постојаниот критичен однос кон општеството и особено кон политиката. Уметниците се вечни незадоволници и совест на општеството и токму нивните визии за подобар свет го движат општеството напред.

За сите овие години на владеење, со исклучок на неколку парадни чинови, културниот живот и статусот на уметниците не се подобри. Министерството наметна апсолутна централизација и големите проекти самото ги спроведува. Уште постравично, главен учесник е во криминалниот и кичерски проект Скопје 2014. Македонската жива култура и проектите на уметниците се запоставени и тие нема да бидат приоритет ниту во наредната година.

Затоа сметаме дека е недостоинствено да се биде дел од таа Потемкинова циркусијада на актуелната власт, која под присила ги организира своите членови на „спонтани“ собири против опозицијата“, стои во соопштението на Советот за култура при СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Го поддржуваме протестот и барањата на работниците

Горан Наумовски

Нелоски: Татко ми има право на приватен бизнис, фирмата никогаш не добила тендер

ВИДЕО: Тендерската мрежа на фирми води директно до Нелоски и кабинетот на Мицкоски, тврди СДСМ

Онлајнмедиа со осуда за прес конференцијата на СДСМ: Партијата не смее да дискредитира медиуми

(ВИДЕО) Филипче: Оваа власт не ја сака Европа – сака контрола, капитал и изолација

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Фрчкоски: Медиумски октопод на Орбан како политичка алатка на ВМРО во Македонија