Концерт на учесниците на семинарот по виолина на Ана и Олег Кондратенко

Од:

Музичката младина на Македонија (МММ) во рамки на фестивалот „Скопско лето“ вечер од 20.30 часот во Музеј на Град Скопје организира концерт на учесниците на семинарот на Ана и Олег Кондратенко.

Почнувајќи од 2009 година МММ во континуитет го одржува возобновениот семинар по виолина за учесници од различна возраст од земјава и од странство, кој го раководат познатите педагози и музичари Ана и Олег Кондратенко.

– Во оваа сесија на мајсторската виолинистичка школа, која до пред неколку години се одржуваше во Охрид, а сега во Скопје, учествуваат можеби најдобрите млади виолинисти од нашава земја, коишто перманентно изучуваат нови програми и ги презентираат не само на концертот на „Скопско лето“, туку и на концерти во Македонија и во странство, соопшти МММ.

На филмската програма „Кафе кино“ во Сули ан – ФЛУ, пак, вечер е најавена проекција на британската драма „Локи“ од 2013 година, по сценарио и режија на Стивен Најт и со Том Харди во главната улога.

Би можело да ве интересира

Откажан перформансот „Во моите чевли”, во Сули ан перформанс на Михаил Парушев

Концерт на хорот „Фрида“ на Скопско лето

Драмски со претставата Фирма на Скопско лето

44. издание на Скопско лето со преку 30 културни настани и богата програма ја одржува традицијата како еден од најдобрите фестивали за култура

Дваесет и втор Меѓународен натпревар на млади музичари „Охридски бисери“

Ана Ололовска

Концерти на воените оркестри од армиите на С. Македонија и на САД за Европа и Африка

Ана Ололовска