Општина Струмица: Ванковер Манчев и самиот е свесен дека пука во празно

Од:

„Општина Струмица нема намера да навлегува во проблемите со кои се соочува ВМРО ДПМНЕ на државно и локално ниво, ниту сака да ги коментира причините, зошто поради влезот на мала врата на Ванковер Манчев во партиско-државните структури, „врие“ членството во струмичкиот Општински комитет на оваа партија, но кога истиот тој Ванковер Манчев се осудува да го критикува работењето на поранешниот градначалник Зоран Заев, тогаш тоа во најмала рака е смешно.

Да се зборува за најдобриот, најнаградуваниот, најтранспарентниот и најдокажаниот градоначалник во Македонија, Зоран Заев, кој реализираше над 2000 проекти без ниту еден денар задолжување, тогаш таквиот обид на Манчев за дискредитирање на Зоран Заев и Општина Струмица, уште од стартот е осуден на пропаст.

Да ги држеше Ванковер Манчев своите прес конференции пред граѓаните на некои пооддалечни македонски општини, можеби тие и ќе му поверуваа на кажаното, иако и тоа е под голем знак прашалник, но кога тоа го прави пред граѓаните на Струмица, тогаш веројатно и самиот е свесен дека пука во празно, Зоран Заев од минатата година не е градоначалник на општина Струмица, но тоа не значи дека Општината се откажала од некои проекти што биле ветени во неговата програма.

Напротив, в.д. градоначалникот Костадин Костадинов и целата општинска администрација, прават максимални напори за комплетна реализација на програмата за работа.

Струмица беше, е и ќе остане и понатаму, урнек за општина по мерка на сите свои граѓани“, се вели во реакцијата на општина Струмица на прес конференцијата на Ванковер Манчев.

Би можело да ве интересира

Тепачка во Струмица, еден маж користел секира, полицијата уапси еден од насилниците, вториот е во бегство

13 години од големиот пожар над Струмица во кој загинаа четири лица

Почина човек во изгорен стан во зграда во Струмица

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Изборот на Мартин Костовски за кандидат за градоначалник е доказ дека Заев сеуште владее со СДС

Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, лишени од слобода три лица

АХВ лажела за водата во Струмица, Костадинов најави кривична пријава

Предраг Петровиќ