Од понеделник собирање потписи за иницијативата „Стоп за рудник Иловица“

Од:

Од понеделник ќе почне собирањето потиси за валидност на иницијативата за распишување референдум во општините Босилово и Ново Село, соопшти денеска граѓанската иницијатива „Спас за струмичката котлина – Стоп за рудникот Иловица“.

– Испративме барање до Државната изборна комисија, која ни го одобри. Од 10 јули до 14 јули граѓаните на општините Босилово и Ново Село може да одат во канцеларијата на ДИК во Струмица, која се наоѓа до градското Собрание, и со личен документ за идентификација да го дадат својот потпис за валидизација на иницијативата. За оваа процедура да оди понатаму, потребни се 100 потписи, рече Стојан Велков Трн.

На последната седница на Советот на Општина Босилово, советниците рекоа дека едногласно ќе ја поддржат иницијативата штом се валидизира.

Би можело да ве интересира

Македонското рударство стагнира додека регионот инвестира – Иловица останува најголемата неискористена можност

Рударството нуди високи примања, но стотици потенцијални работни места остануваат само на хартија

Шпанија повторно отвора рудник по четири децении – локалните жители ќе имаат предност при вработување

Светот останува без бакар, Македонија сè уште не ги користи резервите во Иловица

Научната јавност: Современото рударство не треба да се поистоветува со старите технологии

МАНУ потврдува бакарен потенцијал на Македонија, светските анализи предупредуваат на недостиг од металот