„Наместо да се соочи со одговорноста за се она што им го направи на граѓаните и државата во изминатите години, Никола Груевски продолжува со своето расипничко однесување и без срам призна дека сакал да се купуваат уште неколку Мерцедеси од 600 000 евра, пари на граѓаните. Груевски призна дека сакал да се набават барем уште три – четири скапо платени автомобили, веројатно и на ист начин како што го набави Мерцедесот, тајно и далеку од очите на јавноста. Ваквото негово признание потврдува дека тој ниту мислел ниту ќе мисли на потребите на граѓаните, туку дека работи исклучиво за исполнување сопствени желби и потреби.
Граѓаните многу добро знаат како владееше Груевски. Целата јавност слушна кој и како нарачуваше рушење на „Космос“, кој и како договараше провизии за автопатите, како се правеа изборни нерегуралности и како се нарачуваше насилство пред Општина Центар.
Лицемерните оправдувања на Груевски не се ништо друго освен страв од одговорност и потнецување на граѓаните и институциите. Токму таквиот потценувачки однос на Груевски кон граѓаните и институциите, беше казнет од мнозинството граѓани кое одбра промени и стави крај на 11 годишниот режим на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ .
Никола Груевски никогаш не мислел на граѓаните. Не мислеше ниту кога како премиер земаше провизии, купуваше Мерцедеси и плацеви и се богатеше на сметка на осиромашените граѓаните, не мисли ниту денес кога како опозиција се обидува да ги закочи и понижи институциите и да ги спречи реформите што носат добро за сите. Груевски треба да собере храброст и да се соочи со личната одговорност, а чесните членови, пратеници и активисти на ВМРО-ДПМНЕ да се дистанцираат од лицемерните, себични и антидржавни ставови на Груевски, кои се спротивни на граѓанските и државните интереси“, се вели во соопштението на СДСМ.