Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) му изрече казна на селекторот на Мексико, Хуан Карлос Осорио поради упатување навредливи зборови кон судијата на дуелот со Португалија во Купот на Конфедерациите.
Осорио е суспендиран на шест натпревари и ќе мора да плати 5.000 швајцарски франци на сметката на ФИФА.
По оваа одлука, репрезентацијата на Мексико ќе биде без својот селектор на КОНКАКАФ Голд купот што се одржува во САД.