Facebook почна со воведување на можноста drag and drop за полесно споделување на фотографии, со што реално, уште повеќе би се зголемил бројот на прикачени слики на мрежата.
Ваквиот систем е далеку поедноставен и го намалува времето на прикачување на фотографиите. Исто така, новиот интерфејс овозможува додавање на cover фогографии и праќање на фотки во пораки.
Освен новите можности, Facebook го тестира и новиот начин на прикажување на постовите на вашиот Timeline, па сега постовите се наоѓаат од левата страна, а сите други останати информации се наоѓаат оддесно.