Влада: Никогаш нема да отстапиме од принципот транспарентност и отворени податоци

Од:

„Информацијата дека во зградата на Владата на Република Македонија се блокирани одделни медиуми е објавена без соодветно и неопходно објаснување. Најточната интерпретација на привремениот прекин до пристап до одделни интернет страници, е дека станува збор за интервенција, за која постојат сериозни индиции дека се работи за намерна саботажа за да се создаде слика дека новата Влада не е транспарентна и отворена за критики.

Утврдено е дека блокирањето на пристапот е само кај дел од персоналните компјутери во Владата, но не и во целиот систем, што јасно укажува дека е направена блокадата во оној дел каде што некој имал пристап.

Набргу по утврдувањето на состојбата, Секретаријатот на Владата презеде соодветна постапка и интернет комуникацијата во зградата на Владата е вратена во редовна состојба каква што е постојано. Тоа само ги потврди сомневањата дека некој од затекнатите вработени во владините служби преземаат чекори со намера да ја компромитираат работата на новата Влада.

Сите надлежни служби вршат соодветни проверки за случајот и за утврдената одговорност јавноста ќе биде информирана.

Сакаме да ја увериме јавноста дека Владата на Република Македонија никогаш нема да отстапи од декларираниот принцип за целосна транспарентност, одговорност, отчетност и отвореност.

Феномените каков што е овој, блокирање и пропагандистичка хајка, беа секојдневие на претходната влада. Промените што настанаа и што ги спроведува оваа Влада се креирани овие појави да бидат само сеќавање дека биле редовна пракса за време на претходната власт“ се вели во соопштението на Владата на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Владата со препораки за работодавачите за топлотниот бран

Горан Наумовски

Владата донесе одлука: Ќе има покачување на пензиите

Горан Наумовски

Владата не даде согласност за вработување на 155 медицински сестри во тетовската болница, велат од ДУИ

Горан Наумовски

Собранието ќе одлучува за дополнетиот ребаланс на Буџетот одобрен од Владата

ВМРО ДПМНЕ: Владата привлекува странски инвестиции и отвора нови работни места

Владата ќе гради Мултифункционален научно-технолошки парк