По неколку месеци дискусија околу нивните односи претседателите на САД и Русија Доналд Трамп и Владимир Путин денеска си пружија рака во Хамбург за време на самитот на најразивените 20 дражави во светот, јавува дописникот на МИА од Берлин.
Ракувањето меѓу двјајцата лидери се случило на почетокот на многу очекувана средба на самитот Г-20 и по неколкуте истраги на американските институции во кои се истражуваше дали руските служби влијаеле на американските избори со цел Трамп да стане нов претседаел на САД.
Пред средбата Трамп преку социјалната мрежа Твитер најави дека едвај чека да се сретне светските лидери вклучително и со рускиот претседател.