Џафери: Десетте пратенички групи создаваат дилема дали ВМРО-ДПМНЕ имаат внатрешни проблеми

Од:

Претседателот на Собранието, Талат Џафери одби да ја коментира одлуката на ВМРО-ДПМНЕ да формираат 10 пратеничи групи. Според него, овој чекор од формален аспект е во ред, но од правен аспект е дискутабилен.

– Дискутабилен е фактот што една политичка партија не може да има повеќе пратенички групи поради тоа што се ствара дилема кај нивниот електорат дали е тоа единствена политичка партија или имаат внатрешни проблеми, па затоа не сакам да коментирам, рече Џафери.

Тој вели дека не сака да помисли дека нивната намера е блокирање на Собранието. Вели, секоја партија ќе си сноси политичка одговорност за нивното делување.

– Со нивното делување во Собранието ќе покажат која им е намерата. Ако се однесуваат како што се однесуваа вчера, тоа значи дека ќе ја искористат можноста низ принципот барање по еден час пауза која координаторот има право да ја побара, тоа значи дека во 24 часа ќе бараат 10 часа пауза, истакна Џафери.

Претседателот на Собранието истакна дека Собранието мора да биде во функција и дека уште при преземањето се изјаснил дека ќе има инклузивен однос кон сите партии. Тој кажа дека на барање на пратеничките групи била одложена седницата за во понеделник, но не кажа на чие барање.

– Не сакам однапред да преудицирам за нечија намера и нема потреба да се изјаснам доколку некој сонува што ќе досонувам јас. Нивното постапување и постапувањето на секој пратеник ќе резултира со мое постапување доколку оценам дека има некаква намера, рече Џафери.

Според него, изборот на потпретседатели е со иста процедура како претседателот на Собрание, а деновиве предлозите ќе се најдат пред пратениците.

– Тоа е процес на политичко договарање, одлуката за бројот на потпретседатели ја оставам на политичките партии да се договорат. Потпретседателите се бираат со иста процедура како претседател на Собранието, треба да се има предвид поддршка за сите кандидати кои ќе бидат со консенсуз, да не биде дека некој од опозицијата ќе нема 61 глас, додаде претседателот на Собранието.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Реџепи: Денеска за малку ќе бевме сведок на нов скандал од страна на претседателот на Собранието

Засега без јавно образложение е одложена денешната седница на Комисијата за контрола на АНБ

Горан Наумовски

Димаљ Баша е новиот претседател на косовското Собрание

13 кандидати за претседател на ДКСК

Собранието одлучи измените и дополнувањата на Изборниот законик да се носат во скратена постапка

Катерина Ѓуровски

Фатон Сељами предложен за нов Народен правобранител