ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ заборава, Турција е пријателска земја

Од:

„Не се огласија со извинувања, ниту владата ниту заменик министер господинот Јани Макрадули од редовите на СДСМ кој што поддржува навреди упатени кон Турција и турскиот народ на социјалните мрежи.

И ова не е прв пат, речиси една година од обидот за државен удар во Турција кога дел од турската војска сакаше легално избраната власт да ја сруши. Се случи тој немил настан во кој згаснаа 290 човечки животи. И повеќе од 1.400 луѓе беа повредени.

Која неморалност, која неодговорност да ставиш слика од овој настан и да напишеш дека сакаш ова да се случи и кај нас.

Ова го правеа луѓето, структурите од СДСМ. Луѓе како Ивор Мицковски, како Лидија Димовска и многу други.

СДСМ заборава, Турција е пријателска земја, таа го почитува нашиот суверенитет и го признава идентитетот на македонскиот народ“, изјави Нермин Телоска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ