Програмерите на видео игри од Македонија се поканети да учествуваат на првата конференција за програмери на видео игри од Источна Европа – DevPlay 2017, која ќе се одржи на 11 и 12 септември во Букурешт.
Конференцијата ја организира Романската асоцијација за развој на игри (RGDA), на неа ќе се обратат 17 интернационални говорници од индустријата за развој на видео игри, а ќе се организираат и панел дискусии, сесии за претставување, семинари и работилници.
Сите кои сакаат да учествуваат на конференцијата може да се регистрираат на линкот: https://dev-play.ro/register/.