А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и неговите најблиски соработници тежат над 40 милиони евра

by А1он06/07/2017 - 15:0106/07/2017 - 15:0362
Share0

„Зоран Заев и неговите најблиски соработници тежат над 40 милиони евра.

Добивај вести на вибер

Толкав е имотот на првиот ешалон во владата стекнат, како што самите велеа во режим.

Само Заев и министрите поседуваат над 50 луксузни станови, куќи, викендици и хациенди во државата и странство во вкупна површина од над 8.000 метри квадратни или цела 15 катница.

Самопрогласените жртви на режимот имаат возен парк на кои може да им позавидат и арапските шеици. 35 луксузни автомобили меѓу кои може да се сретнат елитните марки Масерати, Порше, Мерцедес и Ауди, во вкупна пријавена вредност од над 700.000 евра.

Самопрогласените жртви на режимот поседуваат и уметнички слики, брендирани часовници и накит во вредност од над 300.000 евра.

Паднаа сите маски, излегоа на површина сите лаги и манипулации.

Додека СДС обвинуваше за режим и диктатура нивните функционери ги полнеле банкарските сметки и си купувале милионски имот во земјата и странство.

Јавноста се прашува колкаво ќе беше нивното богатство доколку не живееја и не беа жртви на режим и диктатура?

Со објавувањето на анкетните листови од страна на Заев и неговите министри, граѓаните можат да видат дека додека тие обвинуваа за режим, диктатура и неправда направиле огромен имот недостижен за мноштвото граѓани.

Додека Заев зборуваше за режим неговите фирми свртеле над 200 милиони евра, а неговото семејство по негово признание направило богатство од 6-7 милиони евра, додека неговиот министер газда Кочо, во режим успеал да направи дури 28 милиони евра капитал и да вози Масерати и Порше.

Додека зборуваше за режим Шекеринска купила 4 стана, кои си ги издавала самата на себе за стотици илјади евра кирии, во услови кога граѓаните на оваа држава имаат по еден или два стана, а некој и живеат и под кирија, Шекеринска живеела во луксуз. Исто како Шекеринска и Роберт Поповски, успеал во диктатура да направи богатство од 300.000 евра, да има три стана и една куќа.

Додека обвинуваа за режим Шапуриќ, Самка и Зорица Апостолоска стекнале имот од околу 1.5 милиони евра.

Додека зборуваше за режим Никола Димитров успеал да стекне над 800.000 евра капитал, а неговиот колега Спасовски 300.000 евра, сето тоа додека им зборуваа на граѓаните дека нема еднакви можности и дека во Македонија владее режим.

Владата на СДС не е на граѓаните, туку е на елитите. Владата на СДС е тајкунско-милионерска, полна со луѓе кои не ги разбираат секојдневните проблеми и потреби на граѓаните, зошто живеат во својот затворен милионерски круг“, изјави Марија Којзеклиска.

dpmnesdsm

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Милионските криминали во Државна лотарија се случувале под покровителство на СДС и ДУИ

Предраг Петровиќ16/12/2025 - 16:0516/12/2025 - 17:11

Стојаноски: Лицемерието на СДС излезе на виделина, ја напуштија собраниската седница кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти

Предраг Петровиќ16/12/2025 - 15:3016/12/2025 - 15:59

Владата на Мицкоски го враќа паралелниот увоз на лекови како во времето на Груевски, тврди СДСМ

Катерина Ѓуровски16/12/2025 - 14:33

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

Катерина Ѓуровски16/12/2025 - 13:06

ВИДЕО: Антикорупциската платформа на СДСМ се вика М.И.Ц.К.О

Катерина Ѓуровски16/12/2025 - 11:3116/12/2025 - 12:36

СДСМ денеска го бира новото раководство

Катерина Ѓуровски16/12/2025 - 08:10
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен