Исто како што дневната или спалната соба имаат свои лични стилови, така кујната мора да има сопствени особини и изглед, бидејќи се работи за просторија во која се поминува голем дел од времето.
Боите, дезените и текстурите во ентериерот на оваа кујна поседуваат единствен стил и карактеристики на француско бистро.
Кога сопственикот на станот барал бела кујна, дизајнерот кој работел на неа одлучил да докаже дека спротивниот стил од бараниот би бил многу поубав во тој простор. Наместо бела, тој скицирал кујна со бели ѕидови и темно сини елементи со детали од месинг.
Со самото тоа, стилот на француското бистро се наметнал како идеално решение, кое му одговара и на клиентот и на дизајнерот. Постоечката кујна, која додуша била функционална, немала шарм поради стандардните елементи кои го пополнувале нејзиниот простор и ја блокирале природната светлина.
Шик микс дезенот и материјалите креираат магнетна привлечност во овој ново-дизајниран простор: рачно насликани марокански плочки, отворени полици од ружино дрво, сини кујнски елементи и интересен шаблон на плочки на ѕидовите, овој простор сега е направен да биде многу повеќе осветлен и по широк.
Природната светлина непречено допира до секој детал во кујната преку голема стаклена врата која се отвара кон градината.
Исполнета со винтеџ елементи, но со современ пресврт, оваа кујна навистина нуди удобен и елегантен простор за уживање во утринското кафе со опуштени разговори и за време на појадокот.