Политички лидери од регионот и Европа му го честитаат изборот на премиерот Заев

Од:

Писма со честитки за изборот за премиер на Република Македонија се уште пристигнуваат до претседателот на Владата Зоран Заев, соопшти денеска неговиот Кабинет.

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш во честитката до Заев ги поздравува програмските определби на новата македонска Влада за продлабочување на европските вредности, а посебно ја истакнува визијата на премиерот за реформи во правосудството и возобновување на добрососедските односи.

Премиерот на Република Турција Бинали Јилдирим, пак, искажува уверување дека постои заедничка волја за зајакнување на односите меѓу двете земји, на билатерален и меѓународен план.

Од името на Владата на Република Словенија и од негово лично име, честитка за изборот на Заев испрати и премиерот Миро Церар, кој во своето писмо вели дека е задоволен што односите на двете земји се пријателски и дека продолжуваат да се развиваат во истиот дух на сите нивоа.

Писмо со честитки до премиерот Зоран Заев упати и премиерот на Република Црна Гора, кој воедно изразува уверување дека премиерот Заев и новата Влада ќе ги насочат своите напори кон развој и просперитет во евроатлантските вредности и цели.

Честитки и писма на добри намери за изборот на Заев пристигнаа и од амбасадорот на Босна и Херцеговина Денис Звиздиќ, како и од претседателството на Општина Бјело Поље, Република Црна Гора.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски