На Интернет се појави фотографија од смартфонот „Мото Икс4“ на компанијата „Леново“, како и детали за овој уред.
Од порано е познато дека новиот смартфон „Мото Икс4“ на пазарот ќе се појави кон крајот на оваа година. Се работи за прв уред кој не припаѓа на брендот на „Гугл“, а кој ја овозможува услугата на „Гугл Pay-as-you-go Fi MVNO“.
Како што беше случај и со смартфонот „Мото Икс“ од 2015 година и „Мото Икс4“ ќе има алуминиумско куќиште и ќе биде наменет за купувачи со средна куповна моќ.
Уредот поседува Снепдрагон 630 Куалком процесор со осум јадра од 2,2 гигахерци, фук ХД екран, 4 гигабајти РАМ и 64 гигабајти интерна меморија.
Ако интерната меморија не е доволна, може да се прошири со микроСД картичка.
Смартфонот го напојува батерија од 3.000 милиампер часови, а е отпорен и на вода и без проблем може да помине 30 минути на длабочина од 1,5 метри.
„Мото Икс4“ има две задни камери од 8 и 12 мегапиксели. Интересно, напред е помоќната селфи камера од 16 мегапиксели. Сензорот за отисок од прст е сместен напред.