Венецуелските пратеници го напуштаат Парламентот по нападот и блокадата од провладини активисти

Од:

Некои пратеници почнаа да го напуштаат националниот Парламент на Венецуела откако повеќе од 350 пратеници и новинари неколку часа минаа заробени во зградата на законодавниот дом блокирани од провладини активисти, наведуваат очевидци.

Претседателот на Парламентот, Хулио Борхес, изјави дека во нередите се повредени и хоспитализирани петмина пратеници, пренесоа британските медиуми.

Повеќе десетици провладини активисти вчеравечер упаднаа во седиштето на венецуелскиот Парламент што го контролира опозицијата, додека се уште траеше специјалната седница по повод националног Ден на независноста.

Како што пренесоа француските медиуми, активистите тепаа со стапови и фрлаа петарди, предизвикуваќи вистински хаос.

Британските медиуми, повикувајќи се на очевидци, пренесоа дека но нередите има повеќемина повредени пратеници и новинари.

На ТВ снимките се гледа како опозициските пратеници се со раскрвавени лица.

Опозицијата во Венецуела кон крајот на овој месец планира да организира неофицијален референдум за контроверзниот план на претседателот Николас Мадуро за промена на Уставот преку ново Уставотворно собрание.

Би можело да ве интересира

Шест странци уапсени во Венецуела за наводен заговор на ЦИА за убиство на Мадуро

Чистка во Венецуела: Сменети се сите кои одлучуваат за нафтата

Мадуро одлучи: Божиќ ќе се слави на 1 октомври

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Членови на Вагнер забележани во Венецуела: „Каде и да одат носат смрт“

Венецуелската опозиција го обвини Мадуро за киднапирање по апсењето на пратеникот

Демонстрантите во Венецуела ја урнаа статуата на Уго Чавез: Насилни протести по претседателските избори

Горан Наумовски