„И покрај огромните стимулации во земјоделството, и постојано зголемување на стимулациите од буџетот, земјоделското производство бележи се полоши резултати“, констатира ЛДП.
„Откупните цени на раноградинарските производи годинава се за 40% пониски од ланските. Според податоците од Државниот завод за статистика перманентно се зголемува увозот на храна, и во 2011 година се потрошени 672 милиони долари за увоз на храна што е повеќе за 10% од лани и за 32% повеќе од пред три години“, рече на прес конференција, Зоран Шапуриќ.
ЛДП, рече, не е против стимулациите во земјоделското пароизводство, но очигледно е дека мора да се менува земјоделската политика и стимулациите да се насочат кон создавање на производи со додадена вредност односно да се стимулира преработка на земјоделски производи. Според ЛДП,потребен е нов долгорочен стратешки пристап кој ќе ги насочи земјоделците кон производство за извоз и кон супстицтуција на увозот на храна, како и кон преработка на земјоделски производи.