Извештај: Саудиска Арабија главен спонзор на екстремизмот во Велика Британија

Од:

Саудиска Арабија е главен странски спонзор на екстремизмот во Велика Британија, се наведува во новиот извештај на советодавната група за надворешни работи „Хенри Џексон“.

Во тексто се додава дека постои „јасна и се посилна врска“ меѓу екстремистичките организации и милитантните групи кои промовираат насилство, што е видливо во примањето на средствата и пропагирањето на омраза.

Групата „Хенри Џексон“ побара јавна истрага за улогата на Саудиска Арабија и другите држави од Персискиот Залив во поддршката на екстремизмот.

Амбасадата на Саудиска Арабија во Лондон го оцени извештајот на „Хенри Џексон“ како „категорички неточен“.

Извештајот на Министерството за внатрешни работи за постоењето и влијанието врз екстремистичките организации, чија изработка побара поранешниот премиер Дејвид Камерон во 2015 година, се уште не е завршен.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

ВИДЕО: Снег во Саудиска Арабија

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on