Балкански културни средби во Неготино

Од:

Во Неготино синоќа беше отворена изложба на дела насликани во рамки на ликовниот хепенинг „Балкански културни средби 2017″, кој се реализираше во манастирскиот комплекс „Свети Ѓорѓи”. Манифестацијата се одржа по шести пат.

Директорката на Центарот за култура „Иван Мазов-Климе” Мирјана Јованова, информира дека на средбите досега имаат учествувано бројни уметници од Македонија и балканските земји.

– Целта на овој проект е афирмација на ликовната уметност, заедничко дружење на сите ликовни уметници, развивање на ликовната уметност и запознавање на знаменитостите на нашиот град, рече меѓу другото Јованова.

Изложбата ќе биде отворена во наредните седум дена и неа ќе можат да ја погледнат сите љубители на уметноста.

Би можело да ве интересира

Во Албанија изложба на тетовски средношколци – „Едно парче уметност“ од Тетово во Тирана!

А1он

Две жени се повредени во сообраќајка во близина на Неготино

Горан Наумовски

Изложбата на дигитални колажи „Барокна подморница“ од Влада Урошевиќ и Марко Трпески

“Ескапизам: Меморијата и идентитетот” самостојна изложба на младата уметница Мила Добревска

Во Кавадарци отворена еко изложба со хуманитарен карактер

А1он

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“